ФудбалФутсал

Време е за мега-дерби: Шампионот Форца го предизвикува непоразениот лидер Проект!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Вечерва со мега-дербито во Куманово меѓу шампионот Форца и непоразениот лидер Проект, стартува пролетниот дел во Првата футсал лига на Македонија.

Ова ќе биде меч кој можеби и ќе го даде одговорот на тоа дали Проект веќе ќе оди кон прослава на шампионската титула, со оглед на тоа што има шест бодови повеќе, при евентуален триумф би имал девет бодови предност и веќе многу работи ќе бидат решени.

За Форца ова ќе биде меч да се биде или не, бидејќи од оваа дерби зависи дали шампионот од Куманово ќе ја одбрани титулата, а Проект влегува можеби со помал товар на себе бидејќи притисокот ќе биде кај Форца.

Проект на вечерашниот меч влегува со 27 бодови на своето конто, во однос на Форца која има 21 бод и се наоѓа на второто место. Првото нивно соочување во Гевгелија заврши со убедлива победа за Проект кој со 6:1 во целост ја надигра Форца.



Прв судија на вечерашниот меч кој ќе решава за титула ќе биде Тоше Ицев од Кавадарци, Боби Величков од Велес е втор судија, а трет судија е Роберт Црвенов од Велес.

Делегат на средбата која започнува во 20:30 часот е Кирче Костов од Свети Николе, а пак Петар Мантев од Неготино е контролор.

Во однос на останатите натпревари, во сабота Јувентус Серава ќе го пречека Мал Ајакс од Штип, в недела Кеги Моби ќе биде домаќин на Балкан, додека колото се затвара дури во понеделник со два мечеви. Во Крива Паланка екипата на Осогово ќе игра со Шкупи, а пак Бутел ќе игра со Клими.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!