Фудбал

Еве кои одлуки беа донесени на управниот одбор: Суспензија за ОФС Кичево, нов претседател на комисија за натпреварување

Сподели
Сподели

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе повеќе значајни одлуки поврзани со функционирањето на фудбалскиот систем, натпреварувањата и развојот на инфраструктурата.

Поради грубо прекршување на одредбите од Статутот, ОФС Кичево доби суспензија во времетраење од две години. Во овој период, на сојузот му мируваат членските права, вклучително и правото на учество на делегати на Собранието на ФФМ. Сепак, клубовите од овој регион нема да трпат спортски последици и ќе продолжат да се натпреваруваат во истиот ранг и во тековната сезона и во сезоната 2026/27, согласно остварениот пласман. Фудбалските судии и контролори од ОФС Кичево ќе продолжат редовно да ги извршуваат своите обврски, додека регистрационите активности за клубовите и играчите привремено ќе ги спроведува ОФС Гостивар.

Управниот одбор одлучи редовното Генерално собрание на ФФМ да се одржи на 21 март 2026 година во хотел „Хилтон“ во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Со цел промоција на женскиот фудбал, донесена е одлука за бесплатен влез на сите шест натпревари од УЕФА квалификацискиот турнир за девојки до 17 години, кој ќе се одржи во Струмица и Турново од 28 февруари до 6 март. Бесплатен влез ќе има и за квалификацискиот натпревар на женската А репрезентација помеѓу Македонија и Андора, закажан за 7 март во Битола.

ФФМ испрати и јасна порака до клубовите и фудбалерите дека договорите за професионално играње мора задолжително да се доставуваат на верификација во Федерацијата. Договорите склучени надвор од официјалната постапка, познати како „двојни договори“, нема да бидат признаени и нема да имаат правно дејство во рамките на системот. За оваа појава ќе биде информирана и ФИФА.

Во кадровските промени, Светозар Станковски е именуван за нов претседател на Комисијата за натпреварување, на местото на Васко Дојчиновски, на кого му беше изразена благодарност за досегашниот ангажман.

Дополнително, ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 до 20.000 нови столчиња за стадионите низ државата. Распределбата ќе се врши во соработка со општинските фудбалски сојузи и ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата лига каде што постојат услови за нивна монтажа. Со оваа иницијатива, Федерацијата продолжува да инвестира во подобрување на инфраструктурата и условите за развој на фудбалот во Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!