Втора лигаТрета лигаФудбалЧетврта лига

12 милиони денари за ГФК Охрид Лихнидос – силна општинска поддршка и за останатите фудбалски колективи

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос
Сподели

Општина Охрид уште еднаш потврди дека останува цврст партнер на спортот, издвојувајќи значителни финансиски средства за развој на фудбалот. Со вкупна поддршка распределена на повеќе клубови, локалната самоуправа инвестира во младите генерации, спортската култура и иднината на охридскиот фудбал.

Најголем дел од средствата, 12.000.000 денари, се наменети за ГФК Охрид Лихнидос, кој зад себе има одлична полусезона. Охридскиот второлигаш е есенски шампион во Втората лига и јасно ги насочува амбициите кон пласман во Првата лига, што дополнително ја оправдува силната институционална поддршка.

Покрај водечкиот клуб, финансиска помош добиваат и останатите фудбалски колективи од општината. Третолигашот ФК Света Троица 2021 доби 230.000 денари, екипи кои се натпреваруваат во Општинската лига добија по 65.000 денари тоа се ФК Чардак Велгошти, ФК Куршум Лакочереј, ФК Кибо Пласт Сити Палас, ФК Вулкан од Косел, ФК Лескоец 999, ФК Рудар од Куратица и ГФК Пирамида.



Поддршка има и за женскиот фудбал ЖФК Билјанини Извори доби 110.000 денари, а пак фудбалските академии во градот исто така имаат силна поддршка:

  • ФК ОСК Фер Плеј – Охрид – 120.000 денари
    ФК Некст Левел – 120.000 денари
    ФК Академија – 90.000 денари
    ФК Ла Масиа – 90.000 денари
    ФК Евро Фудбал 2 Вардар – 90.000 денари

Општина Охрид останува верен поддржувач на фудбалот во општината. Резултатите на теренот веќе го потврдуваат ефектот од ваквата поддршка. Со лидерската позиција на ГФК Охрид Лихнидос и високото ниво на организација кај останатите клубови, охридскиот фудбал се наоѓа во подем и со реални изгледи за уште поголеми успеси во периодот што следува.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!