Прва лигаФудбал

Хасан човек на одлука во Куманово: Башкими слави минималец над Пелистер

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Башкими освои значајни три бода пред својата публика во Куманово, совладувајќи го Пелистер со минимални 1-0 во рамките на 18. коло од Првата македонска фудбалска лига. Со овој триумф кумановчани ја прекинаа сопствената лоша серија, а воедно му нанесоа и удар на Пелистер, кој беше во позитивен ритам во изминатите кола.

Натпреварот започна претпазливо, со многу игра на средината од теренот и без изразени шанси во првите триесетина минути. Клучниот момент се случи во 38. минута, кога по корнерот изведен од капитенот Алими, највисок во скокот беше стоперот Сумер Хасан, кој со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на гостите за 1-0.

Примениот гол ги раздвижи битолчани, кои до паузата се обидоа да возвратат, но без конкретна завршница. Во вториот дел Пелистер ја презеде иницијативата и тргна по израмнување, а условите за игра дополнително се отежнаа поради дождот кој го натопи теренот.

Најблиску до погодок гостите беа преку Вилдан Керим, кој во финишот силно шутираше од работ на шеснаесетникот, но топката заврши во стативата. Се заканија и Петковски, Спировски, како и нововлезениот Мирко Ивановски, но голманот Јашар и одбраната на Башкими останаа концентрирани до последниот свиреж.

Во завршницата домаќините умешно го сочуваа водството и ги впишаа бодовите, со што стигнаа до 26 и ја задржаа петтата позиција на табелата. Пелистер, пак, останува во опасната зона со 19 бодови.

Во наредното коло Башкими ќе гостува кај Вардар во Скопје, додека Пелистер на домашен терен ќе ја пречека Струга Трим Лум.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!