Ракометарките на Ѓорче Петров 2 славеа убедлива победа од 13:38 над Јехона во Гостивар во рамки на 14. коло или прва пролетна рунда.
Уште од самиот почеток беше јасно дека домаќинот ќе се соочи со висок пораз, бидејќи на полувреме резултатот беше 4:18. Во вториот дел „лавиците“ играа на рутина и стигнаа до убедливата победа.
Со пет погодоци Алтина Хасани беше прво име кај Јехона, кај Ѓорче Петров 2 прво име беше Мирјана Наумоска со пет гола, а со по четири погодоци се истакнаа неколку ракометарки.