ФудбалЧетврта лига

ОФС Струмица со јавен повик за нови фудбалски судии – шанса за младите љубители на фудбалот

Сподели
ФОТО: ОФС Струмица
Сподели

Општински фудбалски сојуз Струмица објави јавен повик до сите млади момци и девојки кои ја сакаат фудбалската игра и сакаат да бидат дел од неа на поинаков начин – како фудбалски судии.

Од ОФС Струмица ги повикуваат сите љубители на фудбалот да ја искористат можноста да станат директни учесници во натпреварите, но од судиската страна. Повикот е наменет за млади и амбициозни лица кои имаат желба за личен развој, стекнување нови знаења и искуства, како и градење дисциплина и одговорност.

Да се биде фудбалски судија значи да се носат правични одлуки, да се одржува редот на теренот и да се контролира текот на играта. Воедно, тоа е и можност за градење спортска кариера и приклучување кон тим на луѓе со сериозни професионални аспирации во фудбалот.

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават и да добијат дополнителни информации преку контакт телефоните:

📞 Саше – 078/253-247
📞 Блаже – 071/313-482

Од ОФС Струмица порачуваат – доколку го сакате фудбалот и сакате да бидете дел од него на вистински начин, направете чекор напред и станете фудбалски судија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Четири гола на Осман Мустафа: Голема победа на Јувентус Серава над Форца

Јувентус Серава вечерва славеше голема победа над ланскиот шампион Форца со резултат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!