Ракомет

Тиквеш го доби Куманово и обезбеди место во плеј-офот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

На едно коло пред крајот на регуларниот дел од Супер лигата, Тиквеш обезбеди место во плеј-офот каде се разигрува за титула и излез во Европа, откако вечерва во „Јасмин“ славеа над Куманово со резултат од 33:26.

Пред верната публика во Кавадарци и верните „лозари“ Тиквеш одлично го отвори натпреварот и имаше предност од два до три погодоци, кога при 10:6 успеа да се одлепи и на плус пет, а на полувреме резултатот беше 15:11 и плус четири.

Во вториот дел на рутина Тиквеш ја чуваше резултатската предност која ја градеше во првиот дел и не му дозволуваше на Куманово ниту на момент да дојде до било каква надеж за пресврт.

Мартин Димовски беше прво име кај Тиквеш со девет погодоци, а кај Куманово се истакна Тоше Ончев исто така со девет погодоци.

21. коло ќе се комплетира во вторник со мечот меѓу Охрид и Бутел, а следен викенд ќе се игра мечот од последното коло на регуларниот дел, по што ќе се формира плеј-офот и и плеј-аутот.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!