Со мечевите од 14. коло беше отворен пролетниот дел во Првата женска ракометна лига, а каде беа постигнати две убедливи гостински победи.
Непоразениот лидер Атлетик лесно стигна до победата во Свети Николе каде со 18:28 го доби Овче Поле СУ. Домаќинот имаше катастрофално прво полувреме во кое постигна скромни пет погодоци.
Атлетик мечот го отвори со неверојатна серија од 0:6, домаќинот се обидуваше да се разбуди од „зимскиот сон“, но не успеваше, а до крајот на мечот резултатот беше 5:11.
Во вториот дел заигра подобро Овче Поле СУ откако успеа да намали и на минус пет, но потоа гостинот односно започна да ја полни мрежата до конечни 18:28.
Анастасија Дамјановска и Моника Босилковска прв најдобри стрелци со по седум екипи за Атлетик, а кај домашниот тим Елена Вучевска беше прво име со шест погодоци.
„Фенерџијата“ Шампион како што ја затвори 2025, така и ја отвори 2026 година – со нов пораз, откако на домашен терен беше декласиран од Стружанка со убедливи 12:39.
На полувреме резултатот беше 7:17, а истата слика беше и во вториот дел каде Стружанка ја полнеше мрежата на Шампион.
Со по седум погодоци најдобри стрелци кај Стружанка беа Тијана Переска, Вања Маџоска и Сејадин Еџе. За Шампион со по три погодоци се истакнаа Катерина Тошеска и Катја Маркоска.