Прва лигаФудбал

Силекс со херојски пресврт во Струга – кратовци ја разнишаа трката за титулата

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Фудбалерите на Силекс приредија вистински подвиг во 18. коло од ПМФЛ, откако на гостувањето кај Струга Трим Лум славеа со 2-3 по драматичен пресврт во самиот финиш. Домашните двапати водеа, но бодовите заминаа за Кратово.

Стружани први зададоа удар во 22. минута. По одлична акција, Марјан Радески со прецизен удар од дистанца ја погоди мрежата на Џеков и донесе предност од 1-0. До паузата домаќините ја контролираа играта, но не успеаја да ја зголемат разликата.

Во второто полувреме Силекс излезе поофанзивно и тоа вроди со плод во 53. минута, кога Ади Алиќ се снајде во шеснаесетникот и израмни на 1-1. Радоста на гостите траеше кратко – Компаоре повторно ја врати предноста за Струга, откако најдобро реагираше во мешаница пред голот.



Кога се чинеше дека бодовите ќе останат крај Охридското Езеро, следуваше силен налет на кратовци. Во 81. минута Николовски беше најприсебен по одбиена топка и донесе 2-2, а само неколку минути подоцна Мигел Пиреш со прецизен удар со глава по корнер комплетираше целосен пресврт за 2-3 и големо славје на гостинската клупа.

Со оваа победа Силекс се искачи на 35 бодови и останува во игра за висок пласман, a во моментот е на третото место, додека Струга останува на 41 и прави чекор назад во битката за врвот, каде лидерската позиција ја држи Вардар.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!