Беласица загуби на меѓународната „генералка“ од екипата на Септември Симитли со резултат од 0:1. Бугарскиот тим беше подобар во Струмица благодарение на голот на Симеон Димитров.
Двете екипи имаа свои шанси, но само еден погодок го реши натпреварот кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“.
Тренерот на Беласица, Панче Стојанов, како и тренерот на Септември Симитли, Петар Костурков добија јасна слика за формата на екипи пред продолжението од сезоната. Беласица пролетниот дел во Втората лига го отвара на домашен терен против Охрид.