Големо меѓународно искуство за најмладите фудбалери на ФК Кул. Генерацијата 2015 деновиве престојува во Барселона, Шпанија, каде настапува на силниот меѓународен турнир „FIT 2026 Promises Edition“, на кој учествуваат екипи од целиот свет.
Во групната фаза младите таленти на Кул одиграа три натпревари со реномирани противници. На стартот се соочија со Спортинг Лисабон од Португалија и го загубија мечот со 1-7. Сепак, по поразот следуваше одлична реакција – во второто коло славеа над ЦС Академија од Шведска со 3-2, а групната фаза ја затворија со победа од 3-1 против шпанскиот ФК ЦТББ.
Со две победи и едeн пораз, ФК Кул го освои второто место во групата и обезбеди пласман во осминафиналето. Таму следуваше убедливо издание против ФК Амејзинг од Јапонија, кое заврши со висока победа од 7-2 за македонските надежи.

Следен предизвик за генерацијата 2015 беше четвртфиналето, каде македонскиот тим загуби со 3:0 од португалска Брага.

Настапот во Барселона претставува значајно искуство за младите фудбалери, кои покрај резултатите, добиваат и можност да се натпреваруваат со врсници од врвни европски и светски академии.
