Останато

Виктор Петков го заврши настапот на ЗОИ на 55-та позиција

Сподели
ФОТО: МОК Christian Petersen/Getty Images
Сподели

Македонскиот алпски скијач Виктор Петков го заврши својот деби настап на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 со пласман на 55-тото место во дисциплината велеслалом.

Петков се натпреваруваше во силна светска конкуренција и успеа достојно да ја претстави Македонија. По првото возење, тој се наоѓаше на делба на 57-та позиција со време од 1:27.36 минути.

Велеслаломската трка се возеше во исклучително високо темпо, а за тежината на патеката и квалитетот на конкуренцијата говори и фактот што водечки по првата трка беше Лукас Пињеиро Братен од Бразил, кој на крајот стигна до златниот олимписки медал.

Во второто возење, Петков настапи смирено и тактички зрело, успевајќи да го подобри својот резултат и да напредува две позиции, завршувајќи на конечната 55-та позиција.

Со овој настап, младиот македонски скијач успешно го заокружи своето деби на Олимписките игри, испраќајќи позитивна порака и потврдувајќи дека претставува голем потенцијал и иднина на македонското алпско скијање.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

„Сè е можно, двомечот не е завршен“ – Ројевиќ повикува на максимална сериозност и фокус пред реваншот во Прага

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа...

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра...

Поврзани написи
Останато

Радовиш слави: Мирко Василев донесе појас од Тајланд – шампионска победа на „Бангла“!

Голем успех за радовишкиот клуб Мај Тај Адреналин и за македонскиот спорт....

Останато

Дерби на Штип УГД и ГОК Борец, Струмица го чека Работнички, Скопје гостува кај Јанта Волеј

Овој викенд се играат натпреварите од 4. коло на плеј-офот и плеј-аутот...

Останато

Ставре Јада го освои 83. место на 10 км трка и го заврши настапот на ЗОИ

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада го заокружи својот настап на Зимските олимписки...

Останато

Познати се четвртфиналистите од Купот на ОФМ кај мажите

Тетовските екипи Лирија, Шкендија и Универзитет во Тетово, заедно со Сушево, успешно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!