Останато

Познати се четвртфиналистите од Купот на ОФМ кај мажите

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Тетовските екипи Лирија, Шкендија и Универзитет во Тетово, заедно со Сушево, успешно го минаа претколото од Купот на ОФМ 2026 во машка конкуренција и обезбедија место во четвртфиналето.

Директен пласман меѓу осумте најдобри екипи имаа четирите првопласирани тима од есенскиот дел на сезоната – лидерот и актуелен освојувач на трофејот Штип УГД, потоа Струмица 47&72, како и Работнички 71&22 и ГОК Борец.

Согласно пропозициите, четвртфиналните двојки ќе бидат одредени со полудиригиран ждреб. Во еден шешир ќе се најдат директно пласираните екипи, а во вториот тимовите кои изборија пласман преку претколото.

Четвртфиналната фаза ќе се игра во еден натпревар, на теренот на подобро пласираната екипа.

Терминот за одржување на ждрепката ќе биде дополнително објавен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!