Третолигашот Карбинци ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Третата македонска фудбалска лига – Исток со првиот тренинг под рефлектори.
Карбинци презимува на петтото место на табелата со 13 бодови и во пролетниот дел ќе се цели кон што подобар пласман на третолигашката табела. Инаку, од аспект на ростерот има мали измени, но воглавно костурот е сочуван.
Во првото пролетно коло екипата на Карбинци ќе биде слободна, по откажување на Светлост Зрновци од понатамошно натпреварување.
„ОФК Карбинци и во оваа сезона продолжува со континуитетот на настапи во Третата лига, што во тешките времиња од финансиски аспект не е воопшто за потценување. Дел од фирми од општината веќе се вклучија со помагање на екипата, за што ќе објавиме во наредните денови, со надеж дека повеќе компании ќе го следат примерот и ќе помогнат клубот и играчите да имаат подобри услови за функционирање и натпреварување“, велат од клубот.
Инаку, првиот пролетен меч за Карбинци ќе биде во рамки на 13. коло или втората пролетна рунда против Овче Поле, меч кој ќе се игра на 15 март.