Втора лигаФудбал

Победа ќе продолжи со натпреварување во Втора лига, се „крпи“ тим за доигрување на сезоната!

Сподели
Сподели

По соопштението на Победа дека поради очајната финансиска состојба сениорскиот тим нема продолжи со натпреварување, цел Прилеп е на нозе и се прават напори да се „скрпи“ тим за да може Победа да ја доигра сезоната.

Се најавува спас на тимот со што ќе се бараат фудбалери кои се без ангажман од Прилеп и околината, а ќе се повлечат и неколку фудбалери од младинските категории.

Како што објави локалниот прилепски медиум Шампион веќе на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ тренираат младинските категории, а ова е важен момент бидејќи може да се повлече неколку фудбалери во првиот тим.

Важен момент е тоа што Победа, иако преку соопштение истакна дека нема да продолжи со натпреварување сениорскиот тим во Втора лига, сепак клубот и натаму нема испратено известување до Фудбалската федерација на Македонија дека нема продолжи со натпреварување, што значи дека клубот и натаму е активен да продолжи со натпреварување и за таа цел се прават напори да се состави екипа за да се доигра сезоната.



Ако Победа не продолжи со натпреварување, тоа значи дека клубот ќе се сели во најнизок ранг на натпреварување, а тоа е Општинската Б лига во Прилеп кој е петта лига по ранг на натпреварување и ќе треба повеќе години за клубот да дојде до Трета лига – Југ, а потоа и Втора лига.

Во случај Победа да ја одигра сезоната и испадна во Трета лига – Југ, тогаш клубот би можел со добра реорганизација за една година да се врати назад во Втора лига. Но, најголем предизвик е решавање на финансиските проблеми.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Сè е можно, двомечот не е завршен“ – Ројевиќ повикува на максимална сериозност и фокус пред реваншот во Прага

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа...

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица загуби на „генералката“ со Септември Симитли од Бугарија

Беласица загуби на меѓународната „генералка“ од екипата на Септември Симитли со резултат...

КупФудбалФутсал

Форца и Јувентус Серава лесно до четвтфинале во Купот, Кеги Моби се намачи!

Денес беа одиграни уште три натпревари од осминафиналето од футсал Купот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Шампионот Љуботен убедлив на тестот со Тиверија Брера во Куклиш

Денес во струмичко Куклиш се одигра пријателскиот меч меѓу Тиверија Брера и...

Втора лигаФудбал

Убедлива победа на Шкендија Арачиново на „генералката“ со Тетекс

Шкендија Арачиново со успешна „генералка“ откако со убедливи 4:1 го доби Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!