Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува да инвестира во иднината и да им дава шанса на младите таленти кои се сметаат за иднината на македонскиот фудбал.
Црвено-црните потпишаа тригодишен професионален договор со фудбалскиот бисер Андреј Цветковски, кој е роден на 20 април 2009 година.
Станува збор за исклучително перспективен фудбалер кој настапува во средниот ред и кој со своите настапи го привлече вниманието на раководството и стручниот штаб на Вардар.
Цветковски во моментов е член на репрезентацијата на Македонија до 17 години, а претходно настапуваше и за селекциите до 16 и до 15 години, што дополнително ја потврдува неговата континуирана развојна линија во националниот тим.
Со овој потег, Вардар уште еднаш потврдува дека гради тим на долги стази, а фудбалскиот бисер Цветковски е новото име пред кое, несомнено, претстои светла и блескава иднина.