Втора лигаФудбал

Фотографии, спомени и тага кај целата фудбалска јавност: Тешки моменти за Победа

Сподели
ФОТО: Facebook
Сподели

Фудбалскиот клуб Победа денес преку официјално соопштение информираше дека нема да продолжи со натпреварување во пролетниот дел од Втората лига. Веста силно одекна во јавноста и ги погоди не само фудбалските љубители, туку и сите оние кои на кој било начин биле поврзани со спортот.

Победа е еден од најголемите фудбалски брендови во Македонија, но и во поранешна Југославија. Поранешен шампион на Македонија, освојувач на Купот, клуб кој настапуваше во европските квалификации и остави длабока трага во македонскиот фудбал.

Најфудбалскиот град во Македонија останува без сениорски фудбал…

По објавата, социјалните мрежи беа преплавени со фотографии и спомени. Поранешни и сегашни фудбалери, тренери и спортски работници кои биле дел од клубот споделуваат моменти од времињата кога Победа беше во своите најславни години. Заедничката порака е јасна – без Победа, македонскиот фудбал не е ист.

Прашањето дали и кога Победа ќе се врати на големата сцена останува отворено.


Пред клубот следува тежок период во кој ќе биде неопходна целосна реорганизација, пред сè стабилизирање на финансиската состојба, за во иднина повторно да се создадат услови за натпреварување. Фактот што Победа нема да ја доигра сезоната значи и преселба во најнизок ранг – Општинската фудбалска лига – што дополнително ја отсликува тежината на моментот.

Последна сезона во која Победа доминираше и имаше високи амбиции беше во сезона 2021/2022 кога стана шампион во Втора лига – Исток, тоа беше последна сезона во која Втората лига беше поделена на Исток и Запад.


Следната сезона 2022/2023 Победа влезе во Прва лига, но тоа беше само епизодна улога и веднаш испадна од елитата во второлигашкото друштво, а од тогаш започнаа и проблемите и предизвиците околу функционирањето и опстојувањето на клубот. Во сезона 2023/2024 од амбиции за експресно враќање во Прва лига, Победа заврши на 14. место во Втора лига или во бараж зоната и славеше во баражот за опстанок против третолигашот Куманово и избори опстанок.

Поучени од катастрофалната сезона, Победа и минатата сезона за влакно избегна бараж, но успеа да стигне до директен опстанок, но оваа сезона одново тешки искушенија.

Пролетниот дел од Втората лига ќе продолжи без Победа, а Прилеп останува без својот миленик. Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе остане празен, без песна, без навивачи и без клубот кој со децении беше симбол на градот…


Сепак, веќе денес се најавува можност за да се состави тим со кој Победа ќе ја доигра сезоната во Втора лига. Се’ уште клубот нема испратено известување до ФФМ дека се откажува од натпреварување, веќе се мобилизираат прилепчани со цел Победа да продолжи со натпреварување.

Сподели

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари. Двете селекции ќе одиграат два пријателски натпревари, кои за кадетите ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата со генерацијата која во наредниот период ја очекува голем меѓународен предизвик....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!