Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Комичен момент: Голманот на Шкендија со избиена топка го погоди камерманот на трибините

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

На дербито меѓу Шкендија и Струга Трим Лум беше забележан и еден необичен момент, кој брзо стана тема на социјалните мрежи. Голманот на тетовскиот тим, Бабукар Гаје, при едно силно избивање на топката, успеа директно да го погоди камерманот на трибините.

Станува збор за колега од порталот Sporti Sot, кој се најде „на погрешно место во погрешно време“. За среќа, немаше никакви последици, а камерманот продолжи со својата работа без проблеми до крајот на натпреварот.

Интересно е што токму колегите од Sporti Sot подоцна објавија видео од ситуацијата и со доза на хумор се пошегуваа на своја сметка, покажувајќи спортски дух и професионалност.

Инаку, на теренот Шкендија излезе како победник во дербито, совладувајќи ја Струга Трим Лум со 2:0.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ГО МОМЕНТОТ:


Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!