Штипски Астибо запиша важна победа над Ѓорче Петров 2, откако во салата „Тошо Арсов“ во Штип триумфираа над 31:27 со што обезбедуваат место во плеј-офот, што беше првична цел на Астибо.
За штипските ракометарки денешниот меч беше да се биде или не, за што повикуваа и бараа поддршка од трибините во за нив најважниот меч во регуларниот дел.
Астибо го отвори одлично натпреварот, но до крајот на првиот дел вна моменти Астибо имаше и два, но и четири гола предност при 13:9, но истата се стопи на 16:14. Во вториот дел скопскиот тим го направи натпреварот да биде неизвесен, откако резултатот беше 18:18, а потоа се играше гол за гол, а Астибо се обидуваше да направи поголема предност.
Во финишот од мечот беше скршен отпорот на гостинскиот тим со што Астибо одлепи до конечните 31:27.
Кај Астибо сосема очекувано Марија Анчева беше најдобар стрелец со фантастични 22 гола, а пак кај Ѓорче Петров 2 најдобар беше Антонела Ѓероска со осум гола.