Втора лигаФудбал

Источното дерби во Радовиш го доби Бафто, Смоквоски ќе им суди на Скопје и Башкими!

Сподели
Сподели

В недела ќе се одиграат натпреварите од 12. коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на истите.

Марјан Стојановски ќе им суди на Вардар Неготино и Каменица Саса, Александар Грујоски ќе им суди на Вардарски и Новаци во Богданци, Александар Василевски ќе биде задолжен за правдата во Кочани меѓу Осогово и Победа.

Кирил Смоквоски ќе им суди на Скопје и Башкими, Игор Иванов на Кожуф и Охрид, Фатмир Бафто го доби Источното дерби во Радовиш каде ќе играат Детонит Плачковица и Беласица.

Сашко Ристов ќе ја дели правдата во Штип каде ќе играат Брегалница и Арсими во дербито на колото, Дени Лековски ќе им суди на Борец и Македонија ЃП.

Натпреварите се играат в недела, а ќе стартуваат во 13 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 12. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Вардар Неготино – Каменица Саса, Марјан Стојановски (Кичево)
Вардарски – Новаци, Александар Грујоски (Кичево)
Осогово – Победа, Александар Василевски (Скопје)
Скопје – Башкими, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Кожуф – Охрид, Игор Иванов (Велес)
Детонит Плачковица – Беласица, Фатмир Бафто (Охрид)
Брегалница – Арсими, Сашко Ристов (Струмица)
Борец – Македонија ЃП, Дени Лековски (Битола)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!