Ракомет

Бутел сигурен во Струга, сè поблиску до плеј-офот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Бутел Скопје направи голем чекор кон пласман во плеј-офот со убедлива гостинска победа над Струга од 35-24. Со овие бодови, скопскиот тим стигна до бројката од 20 и цврсто се држи на петтата позиција, додека Струга останува претпоследна со само шест бодови.

Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме. Избраниците на Горан Кузманоски одиграа доминантни 30 минути, поведоа со 20-9 и во еден момент имаа и плус 12, оставајќи ја неизвесноста да трае само во воведните пет минути.

Во продолжението темпото очекувано опадна, а двајцата тренери им дадоа шанса на сите ракометари. Немаше резултатски драми, туку рутинско приведување на мечот кон крај од страна на гостите.

Најефикасни кај Бутел беа Димитар Узунчев со девет и Дејан Михајловиќ со седум погодоци, додека кај Струга се истакна Наум Костов со седум голови.

Во следното коло Струга ја очекува гостување кај Пролет, а Бутел Скопје на домашен терен ќе се соочи со Вардар.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми...

Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!