Втора лигаПрва лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар подобар на хуманитарниот меч со Осогово во Кочани

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Денес го Кочани се одигра пријателскиот натпревар со хуманитарен карактер за настраданите од големата трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ на 16 март минатата година.

Вардар беше подобар од Осогово со 1:4, а овој меч беше и „генералка“ за есенскиот шампион во ПМФЛ за продолжението од сезоната, а воедно и за Осогово кој ја проверува формата за пролетниот дел од ВМФЛ.

Мечот имаше многу емоции помеѓу сите кои беа на теренот, од фудбалери до навивачи, а во 63. минута натпреварот публиката оддаде почит за 63-те жртви со громогласен аплауз во знак и сеќавање за ангелите.

Резултатот е во втор план, но што се однесува во фудбалскиот дел. Осогово прв поведе преку младиот Христијан Поп-Антоски постигна гол од слободен удар за водство на „жетварите“. До крајот на првиот дел Вардар направи пресврт со 1:2 преку двата гола на Горан Закариќ.


Во вториот дел прволигашот постигна уште два гола за конечни 1:4, а стрелец на двата гола беше Филип Дурански.

Хуман гест на навивачката група „Комити“ кои го купиле дресот на Стојанчо Велинов кој го продаваше преку лицитација, а собраните средства ќе одат за хуманитарни цели. Дресот кој „Комити“ го купија го подариле на навивач на Осогово.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!