Во Никозија денеска беа одредени двојките за дуелот од Дејвис купот во Втората Светска зона меѓу репрезентациите на Македонија и Кипар.
Во првиот сингл меч за македонскиот тим ќе настапи Амар Хусеиновиќ, кој за противник ќе го има Мелиос Ефстатиу. Во вториот меч ќе игра Стефан Мицов против Фотос Фотиадес. Овие два меча се на програмата утре (сабота) со почеток во 10 часот по македонско време.
Во недела ќе се одиграат вкупно три натпревари, а програмата ќе започне со мечот во двојки. За Македонија се пријавени Амар Хусеиновиќ и Стефан Мицов, додека за Кипар ќе настапат Ефстатиу и Елефтериос Неос.
Потоа следуваат уште два сингл дуели: Стефан Мицов ќе игра против Мелиос Ефстатиу, а во последниот меч ќе се сретнат Амар Хусеиновиќ и Фотос Фотиадес.
Сите неделни натпревари, како и саботните, започнуваат во 10 часот по македонско време, а се игра на два добиени сета.