Кошарка

Трајковска и Чолакоска најпрецизни, Томас доминира во поени и скокови по 11. коло

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели
По одигрувањето на 11. коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига се забележуваат одредени, но не и драстични промени на листите за индивидуални остварувања. Сепак, една кошаркарка и понатаму се издвојува како константа во статистиката – Кајла Томас од Пробаскет.
 
Американката е лидер на листата на стрелци со просек од 20.3 поени по натпревар и единствена кошаркарка во лигата која во просек реализира над 20 поени. Покрај тоа, Томас е и најдобар скокач во досегашниот тек од сезоната со вкупно 131 скок, односно 13.1 по натпревар, а води и во вкупниот процент на реализација од поле со извонредни 76.9%.
 
Во асистентскиот сегмент, Сања Адамовска од Баскет кам го „прескокна“ овој круг, но и понатаму е на врвот со просек од 7.3 асистенции, пред Милица Јовановиќ од Пробаскет со 6.4 додавања по натпревар.
 
Ана Лукиќ од Спорт тим е една од најекспонираните кошаркарки во лигата. Таа има најмногу загубени топки (7.4 во просек), но истовремено и најголема минутажа – речиси 39 минути по натпревар (38:46), што говори за нејзината важност во тимската игра.
 
Во дефанзивните категории, Катерина Поп-Димитровска (Баскет кам), како и Марија Николов и Јована Петрушевска од Бадел 1862, се најдобри во освојени топки со просек од 3.4, додека Аби Ниехуес од Крива Паланка е убедливо најдобар блокер со 3.5 блокади по натпревар.
 


Кога станува збор за прецизноста, Цветанка Димова од Баскет кам е најсигурна од линијата за слободни фрлања со 77.1% успешност, веднаш зад Ина Рашова (Патриот 2016), а пред Теа Трајковска и Марија Николов.
 


Теа Трајковска од Вардар е најпрецизна во шутот за два поени со 67.5% реализација, пред Кајла Томас (65.3%), додека Ива Чолакоска од Бадел 1862 се истакнува како најдобар шутер за три поени со 39.2%, пред Сања Адамовска.
 
По одигрувањето на 11. коло, индивидуалната статистика јасно покажува дека конкуренцијата во Првата лига е силна, а борбата за врвот – како тимски, така и индивидуално – станува сè поинтересна со секое наредно коло.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!