Останато

Лина Ѓорческа избори четвртфинале на турнирот во Порто

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ 50 Порто турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа попладнево во мечот од второто коло ја совлада Германката Настасја Шунк со 2-0 во сетови (6:2 и 7:6 (6)) за 98 минути игра.

Во првиот сет македонската тенисерка имаше комплетна доминација и со два брејка поведе со 4:1 во гемови, а до крајот успеа да ја задржи предноста и сетот го доби со 6:2 во гемови. Во вториот сет имаше поголема неизвесност.

Ривалката поведе со 4:2 во гемови, но Ѓорческа направи серија од три гема и сервираше за победа, но сепак сетот „отиде“ во тајбрејк откако Ѓорческа не искористи меч топка во дванаесеттиот гем. Во тајбрејкот Ѓорческа имаше постојано водство и тајбрејкот го доби со 8:6 на поени.


Утре во четвртфиналето ќе игра со првата носителка првата носителка Деспина Папамихаил од Грција, која со 2-0 во сетови ја совлада Американката Рашида Мек Аду.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!