Останати репрезентацииОстанатоРепрезентација

Македонскиот олимписки тим пристигна во Милано

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Македонската олимписка делегација пристигна во Милано и официјално ги започна подготовките за настап на Олимписките игри во Милано и Кортина, каде што македонскиот спорт повторно ќе биде претставен на највисоко меѓународно ниво.

Делегацијата ја сочинуваат четворица натпреварувачи и шест официјални лица – тренери и медицински персонал, а истата е предводена од Цветанка Макаровски во улога на шеф на делегацијата. Македонските претставници се подготвени за нови спортски предизвици и докажувања на олимписката сцена.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи денес, на легендарниот стадион „Сан Сиро“ во Милано, со почеток во 20:00 часот по локално време. Покрај централната церемонија во Милано, истовремено ќе се одржат и паради на спортистите на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо, што ќе ѝ даде посебна димензија на манифестацијата низ северна Италија.

Македонското знаме на овие Олимписки игри ќе го носат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо, кои ќе ја имаат честа да ја претставуваат државата на свечените церемонии.


Церемонијата на отворањето ќе биде пренесувана во живо на Македонската Радио Телевизија, додека информациите за точните термини на настапите на македонските натпреварувачи, како и сите актуелности директно од олимписките терени, ќе бидат достапни на официјалниот веб-сајт и на социјалните мрежи на Македонскиот олимписки комитет.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Новаци го совлада Пелистер на пријателски натпревар

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат од 2:1. Ова беше „генералка“ за битолскиот тим кој загуби на...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го напушти мак-фудбал и потпиша договор со Хата Клуб од Обединетите Арапски...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа денес игра полуфинале во Порто!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на ИТФ 50...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Хисејини го објави списокот на футсал играчи за контролните натпревари со Австрија

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Газменд Хисејини, го објави списокот на...

Останато

Познат распоредот за Дејвис куп дуелот Македонија – Кипар

Во Никозија денеска беа одредени двојките за дуелот од Дејвис купот во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација квалификациските натпревари за СП ќе ги игра во Битола

Женската фудбалска репрезентација на Македонија во Битола ќе ги одигра домашните натпревари...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!