РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација квалификациските натпревари за СП ќе ги игра во Битола

Сподели
ФОТО: Општина Битола
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Македонија во Битола ќе ги одигра домашните натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство, со што градот под Пелистер повторно ќе биде во центарот на вниманието на меѓународниот фудбал.

Подготовките на женската селекција започнаа со тренинг камп во Дојран, кој се реализира во периодот од 4 до 8 февруари. Овој собир претставува вовед во квалификацискиот циклус, во кој Македонија ќе се обиде да оствари што подобар резултат во силна конкуренција.

Квалификациите започнуваат на 3 март, кога македонските фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Азербејџан. Четири дена подоцна, на 7 март, Македонија ќе ја пречека Андора на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Во вториот квалификациски циклус, кој следува во април, македонската репрезентација ќе биде домаќин на Унгарија на 14 април, додека на 18 април ќе го одигра и вториот натпревар против истиот противник.

Квалификацискиот пат завршува во јуни со уште два натпревари – на 5 јуни Македонија гостува кај Андора, а на 9 јуни на домашен терен ќе го одигра последниот дуел против Азербејџан.


Фактот што Битола ќе биде домаќин на вакви значајни натпревари не е случаен. Кон крајот на минатата година, стадионот „Петар Милошевски“ успешно ја помина инспекцијата на УЕФА и доби лиценца од втора категорија, што овозможува организација на официјални меѓународни натпревари.

Со ова уште еднаш се потврдува заложбата на Општина Битола да го задржи приматот на најспортски град во Македонија, како и континуираната поддршка за развојот на женскиот фудбал во државата.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!