РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Хисејини го објави списокот на футсал играчи за контролните натпревари со Австрија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Газменд Хисејини, го објави списокот на играчи кои се во конкуренција за претстојните два контролни натпревари против селекцијата на Австрија.

Дуелите ќе се одиграат во Гевгелија, а со овие средби националниот тим официјално ги започнува подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Хисејини на располагање ќе има 16 фудбалери.

Список на повикани играчи:

  1. Антонио Петровски – КМФ Проект
    2.Иван Стојановски – КМФ Кеги Моби
    3.Бојан Јанев – КМФ Проект
    4.Таулан Исмаили – КМФ Балкан
     5.Марио Благојевски – КМФ Проект
     6. Никола Анчевски – КМФ Проект
    7. Јасир Зекири – КМФ Форца
    8. Игор Леовски – Луценец (Словачка)
     9. Тони Киревски – Олмиссум (Хрватска)
     10. Јакуп Рамадани – Дреница (Косово)
    11. Берат Рамадани
    12. Иван Крстевски – КМФ Форца
    13. Садат Зибери – Atletico Conegliano C5 (Италија)
    14. Самир Вејсели – Atletico Conegliano C5 (Италија)
    15. Ѓорги Коцевски – КМФ Проект
    16. Ангел Гаштев – КМФ Кеги Моби

Контролните натпревари против Австрија ќе се одиграат на 10 и 11 февруари во салата на СЦ „26 Април“ во Гевгелија, со почеток од 18 часот.

Македонија во квалификациите за Светското првенство ќе настапува во Ц-групата, заедно со селекциите на Литванија, Турција и Бугарија. Домаќин на квалификацискиот турнир, кој ќе се одржи во периодот од 6 до 16 април, ќе биде Литванија, а пласман во главната рунда ќе обезбедат првопласираните две репрезентации од групата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!