Останато

Лина Ѓорческа избори четвртфинале на турнирот во Порто

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ 50 Порто турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа попладнево во мечот од второто коло ја совлада Германката Настасја Шунк со 2-0 во сетови (6:2 и 7:6 (6)) за 98 минути игра.

Во првиот сет македонската тенисерка имаше комплетна доминација и со два брејка поведе со 4:1 во гемови, а до крајот успеа да ја задржи предноста и сетот го доби со 6:2 во гемови. Во вториот сет имаше поголема неизвесност.

Ривалката поведе со 4:2 во гемови, но Ѓорческа направи серија од три гема и сервираше за победа, но сепак сетот „отиде“ во тајбрејк откако Ѓорческа не искористи меч топка во дванаесеттиот гем. Во тајбрејкот Ѓорческа имаше постојано водство и тајбрејкот го доби со 8:6 на поени.


Утре во четвртфиналето ќе игра со првата носителка првата носителка Деспина Папамихаил од Грција, која со 2-0 во сетови ја совлада Американката Рашида Мек Аду.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Новаци го совлада Пелистер на пријателски натпревар

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат од 2:1. Ова беше „генералка“ за битолскиот тим кој загуби на...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го напушти мак-фудбал и потпиша договор со Хата Клуб од Обединетите Арапски...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа денес игра полуфинале во Порто!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на ИТФ 50...

Останато

Познат распоредот за Дејвис куп дуелот Македонија – Кипар

Во Никозија денеска беа одредени двојките за дуелот од Дејвис купот во...

Останати репрезентацииОстанатоРепрезентација

Македонскиот олимписки тим пристигна во Милано

Македонската олимписка делегација пристигна во Милано и официјално ги започна подготовките за...

Останато

Одбојкарската федерација на Македонија организира Национален курс за развој на млади судии

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија од денеска до недела, во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!