КупФутсал

КУП: Проект против второлигашот Кратово, Форца налета на новајлијата од Кочани, дерби во Кавадарци!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија.

Ждрепката посака Проект да се соочи со второлигашот Кратово на гостински терен, тимот од Јосифово кој е непоразен лидер во Првата футсал лига на Македонија цели кон двојна круна.

Бранителот на Куп титулата Форца ќе се соочи со новајлијата Фудбал Старс Ауто Велт од Кочани, Балкан оди на мегдан со Каршиака, а пак Осогово во Крива Паланка ќе игра со Железарец.


Во Кавадарци ќе се одигра градско дерби меѓу Црна Река и Клими, Бутел ќе игра против ССК Скопје, Шкупи за противник го доби Кеги Моби, а пак Јувентус Серава ќе оди на мегдан против Мал Ајакс.

Во осминафиналето од Купот на Македонија ќе настапат десет прволигаши и шест второлигаши.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

ФудбалФутсал

Прва радост за Овче Поле преку Никола Стојковиќ, дебитантот Шутка 1 поразен во Свети Николе

Поранешниот прволигаш Овче Поле во четвртото коло на Втората футсал лига стигна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!