Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија.
Ждрепката посака Проект да се соочи со второлигашот Кратово на гостински терен, тимот од Јосифово кој е непоразен лидер во Првата футсал лига на Македонија цели кон двојна круна.
Бранителот на Куп титулата Форца ќе се соочи со новајлијата Фудбал Старс Ауто Велт од Кочани, Балкан оди на мегдан со Каршиака, а пак Осогово во Крива Паланка ќе игра со Железарец.
Во Кавадарци ќе се одигра градско дерби меѓу Црна Река и Клими, Бутел ќе игра против ССК Скопје, Шкупи за противник го доби Кеги Моби, а пак Јувентус Серава ќе оди на мегдан против Мал Ајакс.
Во осминафиналето од Купот на Македонија ќе настапат десет прволигаши и шест второлигаши.