ФудбалФутсал

ВИДЕО: Проект со успешна проверка во Србија: Контролните мечеви ја потврдија амбицијата за двојна круна

Сподели
Сподели

Футсал тимот на Проект викендов престојуваше во Србија, каде што одигра два силни контролни натпревари како дел од подготовките за продолжението на сезоната во Првата футсал лига на Македонија. Според оценките од клубот, поставените цели се реализирани во целост, а добиените сознанија ќе имаат значајна улога во понатамошниот тек од сезоната.

Намерата на раководството и стручниот штаб беше да се тестира реалниот потенцијал на екипата против противници од поквалитетно првенство, да се провери индивидуалниот капацитет на фудбалерите во дуели со искусни и докажани футсалери, како и да се воочат и коригираат одредени слабости пред стартот на пролетниот дел.

Првиот контролен натпревар беше одигран во саботата, во арената „Чаир“ во Ниш, против домаќинот КМФ Винтер Спорт, второпласирана екипа во српскиот шампионат, во чиј состав настапуваат и поранешни репрезентативци. Во еден исклучително динамичен и изедначен меч, кој заврши со резултат 9-7, Проект прикажа рамноправна игра и во два наврати имаше водство. Тренерот Игор Димов доби јасна слика за физичката подготвеност и тактичката зрелост на своите играчи против подоминантен ривал.


Во вториот натпревар, против КМФ Врање, петтопласирана екипа во српското првенство, Проект стигна до победа од 3-5. Македонскиот тим имаше целосна контрола на играта и доминираше во најголемиот дел од натпреварот. Иако бројните неискористени шанси во првото полувреме не дозволија поубедлив резултат, стручниот штаб експериментираше со повеќе техничко-тактички решенија, при што резултатот беше во втор план.

Проект во домашниот шампион е есенски шампион со девет победи од девет натпревари и максимални 27 бодови. Амбициите за пролетниот дел се јасни – освојување на двојната круна и потврда на доминацијата на домашната сцена.

Во наредниот период, екипата ќе одигра уште два пријателски натпревари, за кои клубот најави дека дополнително ќе ја информира јавноста околу терминот и локацијата на одигрување.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!