Тоа што го најави Спортска Мрежа пред неколку часа, Охрид вечерва го потврди – Давид Матески е нов играч на „рибарите“, а доаѓа како позајмен играч од Силекс до крајот на сезоната.
19-годишниот младински репрезентативец на Македонија ќе треба да помогне во остварување на целите на Охрид – влез во Првата македонска фудбалска лига. Претходно, Матески настапуваше за Охрид и Воска Спорт.
Во тимот доаѓа и 18-годишниот Давор Росиќ, кој пристигнува од редовите на Работнички, а игра на левата бековска позиција.
Младиот стратег Ромео Кочоски има квалитетен тим со кој ќе цели кон потврда на првото место и директен влез во фудбалската елита.