Втора лигаФудбал

Давид Матески ново засилување на Охрид во битката за влез во Прва лига!

Сподели
Сподели

Второлигашот Охрид се засили со Давид Матески, кој доаѓа на позајмица од прволигашот Силекс во битката за влез на „рибарите“ во Првата македонска фудбалска лига, дознава ексклузивно Спортска Мрежа, а клубот ќе го промовира во текот на денешниот ден.

Матески игра како десно крило, а може и како лево крило, а 19-годишникот се враќа во редовите на Охрид и ќе биде голем адут за младиот стратег Ромео Кочоски.

Талентираниот фудбалер кој кариерата ја започна во Евро Фудбал од Охрид, беше дел и од Фер Плеј од Охрид, а потоа премина во редовите на второлигашот Охрид. Потоа младиот охриѓанец направи трансфер во Силекс, во февруари 2024 година, настапуваше и за некогашниот охридски прволигаш Воска Спорт во период од февруари 2025 до јуни 2025 година, односно шест месеци, по што се врати во Силекс.


„Рибарите“ презимуваат на првото место во Втора лига и целат кон враќање во елитата, а пролетниот дел го отвараат против Беласица во Струмица, во дерби на колото.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!