Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА на Спортска Мрежа: Кои екипи во Втората лига имаат најмногу жолти картони, кога се доделуваат најмногу картони?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Тоа што го најавувавме изминатиот период го спроведуваме со комплетни анализи на Втората македонска фудбалска лига. Анализираме кои екипи имаат најмногу жолти картони во Втората лига по 11 кола, а која екипа има најмалку добиени жолти картони, но дополнително правиме анализа на добиените жолти картони по екипа на секој десет минути од натпреварот.

Најмногу жолти картони има добиено екипата на Кожуф или вкупно 37 жолти картони, потоа следува Охрид со 36 жолти картони на 11 натпревари, висок број на жолти картони има и Новаци или вкупно 34 како и Брегалница која исто така има 34 добиени жолти картони.

Најмалку жолти картони има добиено лидерот во Втора лига, екипата на Македонија ЃП.

Најмногу жолти картони во првото полувреме добивала екипата на Кожуф или вкупно 14 добиени жолти картони во првиот дел, а најмалку има Македонија ЃП четири добиени жолти картони. Најмногу жолти картони во вториот дел добивала екипата на Охрид вкупно 29, а најмалку Борец вкупно 17.

СТАТИСТИКА КОГА НАЈМНОГУ СЕ ДОДЕЛУВААТ ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО МИНУТИ:

  • 0 -10 минута: вкупно 5
  • 11-20 минута: вкупно 16
  • 21-30 минута: вкупно 44
  • 31-40 минута: вкупно 47
  • 41-50 минута: вкупно 52
  • 51-60 минута: вкупно 66
  • 61-70 минута: вкупно 58
  • 71-80 минута: вкупно 79
  • 81-90 минута: вкупно 125

Според анализите на Спортска Мрежа најмалку картони во Втората лига паѓаат во првите десет минути од натпреварот или вкупно пет жолт икартони, а најмногу жолти картони биле доделени во последните десет минути или вкупно 125 жолти картони.

  • ГРАФИЧКИ ПРИКАЗ НА КОМПЛЕТНАТА АНАЛИЗА НА ЖОЛТИТЕ КАРТОНИ ВО ВТОРАТА ЛИГА НА СПОРТСКА МРЕЖА:
ПРИКАЗ: Анализа на жолти картони во Втора лига | Спортска Мрежа, забрането превземање на фотографијата!

Исто така според анализите на Спортска Мрежа во второто полувреме биле доделено речиси двојно повеќе жолти картони во однос на првото полувреме.

Во следниот период ќе направиме анализи и на постигнати голови и црвени картони. Прашања за читатели на Спортска Мрежа, кои второлигаши имаат најмногу, а кои најмалку добиени црвени картони, како паѓале најмногу погодоци во Втора лига?

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!