Ракомет

Мице Шилегов ново засилување на Бутел Скопје за пролетниот дел од сезоната

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

Ракометниот клуб Бутел Скопје официјално го претстави Мице Шилегов како ново засилување за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата. 27-годишното десно крило ќе биде дел од ростерот во продолжението од шампионатот, со цел дополнително да ја засили конкуренцијата и офанзивната моќ на тимот.

Шилегов пристигнува од редовите на Вардар Неготино, каде настапуваше во есенскиот дел од сезоната и се истакна како најдобар стрелец на екипата. Станува збор за искусен ракометар, кој зад себе има богато клупско искуство и стабилни настапи во домашниот шампионат.

Новиот ракометар на Бутел Скопје е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија, а ракометно потекнува од Металург, каде настапуваше за двата тима на клубот. Потоа ја градеше својата кариера преку настапи за Охрид, Голден Арт и Пролет, стекнувајќи значајно искуство во Суперлигата.


Ангажманот на Шилегов доаѓа во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната, кој Бутел Скопје ќе го отвори со гостување кај Струга – натпревар што ќе биде важен тест за амбициите на скопскиот тим во продолжението од шампионатот.

Од клубот изразија задоволство од реализираниот трансфер и очекуваат Шилегов веднаш да даде свој придонес во борбата за што подобар пласман во Супер лигата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!