Ракомет

Партизан со две засилувања, во Гевгелија пристигнаа Илија Табаков и Стојанчо Наумовски

Сподели
ФОТО: РК Партизан Гевгелија
Сподели

Ракометниот клуб Партизан Гевгелија со дополнителна енергија и освежен ростер ќе го започне пролетниот дел од натпреварувањето во Првата лига, откако клубот официјално ангажираше двајца нови ракометари.

Нов член на гевгелискиот тим е Илија Табаков, ракометар кој настапува на позицијата лев бек. Табаков доаѓа од редовите на суперлигашот Радовиш, каде што настапуваше во есенскиот дел од сезоната, а зад себе има значајно искуство во домашниот шампионат. Роден е во Велес, а во текот на својата кариера го носеше дресот на Борец, Бутел Скопје, Аеродром и последно Радовиш.

Второто засилување е Стојанчо Наумовски, среден бек и поранешен кадетски репрезентативец на Македонија. Наумовски потекнува од школата на Младост Богданци, каде што досега настапуваше и ги мина сите младински категории, стекнувајќи вредно натпреварувачко искуство во Првата лига.


Партизан Гевгелија есенскиот дел од шампионатот го заврши на деветтото место на табелата со 11 освоени бодови, при што тимот забележа шест победи и седум порази во првиот дел од сезоната.

Продолжението од Првата лига за гевгелискиот тим носи сериозен предизвик, бидејќи пролетниот дел ќе го отворат со натпревар против непоразениот лидер Младост од Богданци.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!