Ракомет

Ќосевски: „Очекуваме да го одиграме нашиот најдобар ракомет“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во рамки на 19. коло од Супер лигата, со натпреварот против РК Прилеп, ракометарите на ГРК Охрид, утре, со почеток во 19:00 часот, го започнуваат вториот дел од сезоната. Охриѓани влегуваат во пеколен февруарски распоред, со низа важни натпревари, а првиот предизвик е на домашен терен во „Билјанини извори“.

Во продолжението од сезоната, клубот се засили со неколку нови имиња, а еден од новите адути е Ален Ќосевски, кој ќе биде дополнителна опција во ростерот на стручниот штаб.

По комплетниот тренажен процес и добро сработените подготовки, во таборот на ГРК Охрид владее позитивна атмосфера. Тимот делува свежо и мотивирано, а желбата е на теренот да се прикаже препознатлив, брз и борбен ракомет. Натпреварот ќе биде и уште една можност новите имиња во составот да се вклопат целосно во системот на игра.

Еден од новите ракометари во редовите на охридскиот клуб, Ален Ќосевски, истакнува дека подготовките поминале во одличен ритам, екипата е физички и ментално подготвена, а главната цел е ГРК Охрид да го прикаже својот најдобар ракомет пред домашната публика.

„Тимот се чувствува свежо, добро се подготвивме и очекувањата се да го одиграме нашиот најдобар ракомет.“ – изјави Ќосевски.

Поддршката од домашната публика ќе биде важен фактор за ГРК Охрид на стартот од вториот дел од сезоната, во период кога секој бод има дополнителна тежина. Амбициите и надежите се големи, а натпреварот со Прилеп е првиот чекор во серијата предизвици што ги очекуваат охриѓани во февруари.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!