РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Александар Андов го објави списокот на фудбалерки за подготовките во Дојран, за мундијалските квалификации за СП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската фудбалска А репрезентација на Македонија во периодот од 4 до 8 февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп, со кој официјално ги започнува подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Селекторот Александар Андов на располагање ќе има 24 фудбалерки.

ГОЛМАНКИ: Ведрана Комненова (ЖФК Љуботен), Викторија Панчурова (ЖФК Тиверија).

ОДБРАНА: Васка Василева (ЖФК Каменица Саса), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија Брера), Мила Панева (ЖФК Скопје), Сара Коларовска (ЖФК Скопје), Слаѓана Ѓорѓиева (ЖФК Тиверија Брера), Катерина Петкова (ЖФК Истатов), Христина Јошевска (ЖФК Скопје), Кристина Крстева (ЖФК Скопје).

СРЕДЕН РЕД: Терона Голабовска (ЖФК Тиверија Брера), Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија Брера), Хава Мустафа (ЖФК Љуботен), Александра Марковска (ЖФК Љуботен), Ева Величковска (ЖФК Љуботен), Сара Ефтинџиоска (ЖФК Скопје), Настасија Накова (ЖФК Љуботен), Рабија Дервиши (ЖФК Скопје).

НАПАД: Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен), Илза Максути (ЖФК Љуботен), Андреа Коловска (ЖФК Истатов), Калина Попевски (ЖФК Црвена Звезда).

Женската репрезентација квалификациите ги започнува на 3 март со натпревар против Азербејџан, а четири дена подоцна следува дуелот со Андора во Битола.

Во вториот циклус, Македонија на 14 април ќе ја пречека Унгарија, додека на 18 април следува вториот натпревар против истиот противник.

Квалификациите завршуваат во јуни со уште два натпревари – на 5 јуни гостување кај Андора и на 9 јуни на домашен терен  ја пречекуваме селекцијата на Азербејџан.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!