Екипата на Света Троица од Охрид која се натпреварува во Трета лига – Југозапад одигра пријателски натпревар против младинците на Охрид, кој го доби со резултат од 2:5.
Контролниот натпревар се одигра на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Двоен стрелец за тимот на Света Троица беше повратникот Угриноски, а по еден гол постигнаа Џајкоски, Милошески и Балоски.
Овој натпревар беше можност за да се провери формата на екипата од Охрид, која во пролетниот дел ќе цели кон што повисок пласман на табелата во Трета лига – Југозапад. Инаку, претходно многу пати Спортска Мрежа има објавувано за ФК Света Троица од Охрид, клуб кој важи за одлично организиран и со план и визија за понатамошен развој.
Пролетниот дел тимот на Борис Бимбилоски го отвара против Напредок од Ношпал.