Ракомет

Младост 1977 се засилува со Марио Миланов и атакува на директен пласман во Суперлигата

Сподели
Сподели

РК Младост 1977 од Богданци сериозно ги покажува своите амбиции за вториот дел од сезоната, откако во своите редови донесе ракометар со суперлигашко искуство. Ново засилување на непоразениот лидер во Првата ракометна лига е 25-годишниот Марио Миланов.

Миланов настапува на позициите лев и среден бек, а во Богданци доаѓа по настапите за реномирани клубови како РК Бутел, РК Голден Арт и РК Фруит Ленд Борец. Според информациите од клубот, тој ќе го носи дресот на Младост најмалку до крајот на актуелната сезона, со што дополнително се зацврстува ростерот во клучниот дел од првенството.

Екипата од Богданци зад себе има совршена есенска полусезона – 12 одиграни натпревари, 12 победи и максимални 24 бодови, учинок со кој Младост 1977 испиша нова страница во својата историја. За првпат клубот стана есенски шампион без ниту еден пораз, потврдувајќи го статусот на главен фаворит за највисок пласман.

Во пролетниот дел, тимот предводен од искусниот стратег Горан Андоновски ќе атакува на директен пласман во Суперлигата. Со тоа, елитниот ракомет би се вратил во Богданци – малото гратче на југот на Македонија кое со право важи за еден од најракометните центри во земјата.


Според информациите на Спортска Мрежа, Миланов ќе биде единствено засилување, а ростерот е во целост сочуван, освен Антонио Николоски кој кариерата ја продолжи во БиХ.

Со ангажманот на Марио Миланов и со досегашните резултати, јасно е дека Младост 1977 не планира да застане на постигнатото и со голема самодоверба влегува во борбата за остварување на цел – директен влез во Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!