Европско првенство 2026Ракомет

Данска ја скрши храброста на Исланд и закажа финале со Германија

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска обезбеди пласман во финалето на Европското првенство, откако пред домашната публика во Хернинг го совлада Исланд со 31-28 во второто полуфинале. Пред речиси 15.000 гледачи во „Јуске Банк Боксен“, актуелниот светски и олимписки шампион ја оправда фаворитската улога и ќе се бори за трет континентален пехар во својата историја.

Исланѓаните одлично го отворија натпреварот и рано поведоа со 6-3, најавувајќи дека нема лесно да се предадат. Следеше подолг период на израмнета игра, со чести промени во водството и резултат „гол за гол“. Данска првпат успеа да се одлепи во финишот на првото полувреме, па на паузата замина со минимална предност од 14-13.

Клучниот момент дојде во вториот дел, кога избраниците на Николaj Јакобсен заиграа посигурно и со помалку осцилации. Иако Исланд неколкупати се враќаше на пристојна негатива, Данците постепено ја зголемуваа разликата и во завршните десет минути, носени од еуфоричната публика, направија решавачка серија за највисоки +4, по што немаше враќање за „рибарите“.


Најефикасен во победничкиот табор беше најдобриот ракометар на светот, Матијас Гидсел, кој постигна седум гола без промашување. Значаен придонес дадоа и Јохан Хансен со шест, како и Симон Питлик со пет погодоци. Кај Исланд се истакнаа Смарасон и Торкелсон со по седум гола.

Со овој триумф, Данска ќе игра свое петто финале на Европските првенства, а досега двапати се искачуваше на европскиот трон – во 2008 и 2012 година. Во големото финале, закажано за недела од 18:00 часот, Данците ќе се соочат со Германија, додека Исланд ќе има нова шанса за медал во дуелот за бронза против Хрватска, кој ќе се игра претходно истиот ден.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!