Прва лигаФудбал

„Комити“ реагираат: Гоце Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По назначувањето на Гоце Седлоски за нов тренер на Вардар, кој ќе биде четврти во тековната сезона, веднаш со реакција се јави верната навивачка група „Комити“, која преку соопштение реагира и не го прифаќа Седлоски за нов тренер на Вардар.

Седлоски денес беше промовиран како нов тренер, кој доаѓа на местото на Срѓан Захариевски, кој вчера спогодбено се раздели со Вардар, а по поразот во македонското „ел класико“ од Пелистер со минимални 1:0.

„СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!
Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!
Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки“, се вели во соопштението на Комити.

Седлоски и во минатото го водеше Вардар, а в сабота ќе го има своето второ деби на клупата на Вардар, а ќе дебитира против Шкупи, екипа која ја водеше Седлоски пред неколку години.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!