Втора лигаФудбал

Брегалница доби голема финансиска „инјекција“ од општина Штип

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Фудбалскиот клуб Брегалница доби финансиска „инјекција“ од општина Штип во висина од 15 милиони денари. Предлог точката која се најде на денешната седница на Советот на општина Штип беше изгласана и потврдена.

„Врз основа на член 46 и член 21 став 1 точка 25 од статутот на општина Штип, бараме Советот на општина Штип да донесе одлука за одобрување на финансиски средства за финансирање на фудбалскиот клуб Брегалница во износ од 15 милиони денари. Со оглед на тоа што општина Штип е единствен акционер во акционерското друштво Брегалница 2008 Штип, бараме Советот да ги одобри овие средства за да може фудбалскиот клуб нормално и непречено да функционира“, рече Вишна Шорова Ангелова, секретар на Општина Штип.

Брегалница во пролетниот дел ќе се бори за враќање во Првата лига, а за таа цел тимот кој заврши на третото место во есенскиот дел со три бодови помалку од лидерот Охрид се засили со Бојан Рајков кој е повратник од Силекс, Јорданчо Наумоски од Пелистер и со младиот Костадин Капсаров кој доаѓа од Беласица.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!