Ракомет

ЖРК Брод од Хрватска се засили со Петра Јершек од Металург Автокоманда

Сподели
ФОТО: ЖРК Брод
Сподели

Женскиот ракометен клуб Брод го официјализираше ангажманот на Петра Јершек, 25-годишна ракометарка со богато домашно и меѓународно искуство, која треба да претставува значајно засилување за тимот во продолжението од сезоната.

Јершек е родена на 24 септември 2000 година, а со ракомет започнала уште на седумгодишна возраст во редовите на ЖРК Осиек. Во матичниот клуб поминала дури 15 години, од кои седум сезони настапувала во Првата лига на Хрватска. Во тој период ги минала сите младински селекции на хрватската репрезентација, потврдувајќи го својот потенцијал уште од најрана возраст.

Интернационалната кариера ја започна во 2022 година со трансфер во Шпанија, каде две сезони го носеше дресот на ЦБ Сан Хосе Обреро. Летото 2024 година се пресели во Македонија и стана дел од шампионскиот состав на ЖРК Ѓорче Петров, клуб кој четири години по ред ја освојуваше титулата државен првак. Со „лавиците“ настапуваше во Европската лига, а сезоната ја заврши со освоениот Куп и шампионската титула.

На крајот од сезоната, Јершек се приклучи на ЖРК Металург Автокоманда, со кого настапуваше во ЕХФ Купот, продолжувајќи да го гради своето меѓународно искуство.


Со својата борбеност, искуство и настапи на европска сцена, Петра Јершек доаѓа како сериозно засилување за амбициозниот состав на ЖРК Брод.

Со заминувањето на Јершек од Металург Автокоманда продолжува егзодусот од македонскиот суперлигаш, кој од ден во ден губи ракометарки.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер. На стадионот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!