Прволигашот Тиквеш одигра нов пријателски натпревар во Анталија, а кој го доби со 1:0 против екипата на Токтогул од Киргистан.
Тимот од Кавадарци со триумфот стигнаа со голот на Н’Фанли Сила, кој беше единствениот стрелец на мечот, доволен за победа на македонскиот прволигаш.
Тиквеш презимува на осмото место или во бараж зоната со 18 бодови на своето конто, а пролетниот дел тимот го отвара против Шкупи во гости. Целта на прволигашот од Кавадарци ќе биде опстанок во фудбалската елита на Македонија.