Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново славеше над прволигашот Работнички

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Фудбалерите на Работнички беа поразени со 1-2 од Шкендија Арачиново на пријателскиот дуел одигран во Скопје, во рамките на зимските подготовки. По добриот настап против Охрид, дебармаалци овојпат не успеаја да го наметнат ритамот, додека второлигашот покажа поголема цврстина и конкретност.

Гостите рано поведоа преку Владимир Жоглев, а прволигашот Работнички возврати со погодок од белата точка, дело на Сухељ Мухарем. И покрај неколкуте шанси на двете страни, решавачкиот момент се случи во второто полувреме, кога Фикрет Ливарека го постигна победничкиот гол за тимот од Арачиново.

Натпреварот доаѓа во чувствителен момент за Работнички, кој го очекува тешка пролет во Првата лига. „Романтичарите“ презимија на претпоследната позиција со само седум бодови, а продолжението од сезоната го отвораат со гостување кај Пелистер во Битола.


Од другата страна, Шкендија Арачиново со голема самодоверба ја чека битката за пласман во елитата. Тимот ја заврши есента на второто место во Втората лига, со бод помалку од лидерот Охрид, и јасна цел – промоција во Првата лига.

Дополнителна тежина на овој дуел му дава и фактот што истите ривали ќе се сретнат во четвртфиналето од Купот на Македонија. Потсетување дека токму Шкендија Арачиново минатата сезона, како третолигаш, приреди сензација и го елиминираше Работнички – доволен аларм дека Куп-пресметката нема да биде нималку наивна.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!