Втора женска фудбалска лигаФудбал

Две екипи во тесна трка за бараж за влез во Првата женска фудбалска лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност
Сподели

Две работи во Втората женска фудбалска лига се кристално јасно – непоразениот лидер Конзули е сигурен патник кон Првата лига, па со тоа битолскиот тим по неколку години ќе се врати во елитниот фудбал во женска конкуренција.

Како што веќе објави Спортска Мрежа клубот се подготвува за пролетниот дел, ростерот е сочуван, а ќе има неколку пријателски натпревари за проверка на формата.

Тоа значи дека битката ќе биде за второто место кое води кон баражот за влез во Првата лига, а битка ќе ја водат две екипи – Порече од Македонски Брод и Билјанини Извори од Охрид.

Екипата од Македонски Брод е на второто место со 16 бодови, а пак тимот од Охрид има три бодови помалку и се наоѓа на третото место.


Екипата која ќе заврши на второто место ќе се подготвува за бараж против прволигашот кој сезоната ќе ја заврши на претпоследното деветто место во Првата лига. Таму пак речиси сигурно е дека битката околу баражот ќе ја водат Кочани и Топ Гол од Битола, односно ќе се борат да го избегнат последното место кое директно води кон испаѓање во Втората лига, а да се обезбеди баражот, бидејќи веќе конкурентите Вардар и Речица имаат бодовна залиха и поголем квалитет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!