Ракометната репрезентација на Исланд приреди едно од најголемите изненадувања на Европското првенство, откако со убедливи 35:27 ја совлада Шведска и целосно ја искомплицира ситуацијата во Групата 2 од главната фаза.
Исланѓаните одиграа зрел и дисциплиниран натпревар, во кој од самиот почеток покажаа дека не се плашат од еден од домаќините на шампионатот. Со фуриозен старт и серија од неколку брзи погодоци, Исланд рано стекна солидна предност (12:7), која со сигурна игра ја задржа и дополнително ја зголеми до крајот на првото полувреме (18:12).
Во продолжението, Шведска, носена од публиката во Малме, се обиде да се врати во натпреварот и во еден момент успеа да се доближи на само еден гол негатива. Сепак, наместо целосен пресврт, следуваше нов налет на Исланд. Клучна улога имаше голманот Виктор Гисли Халгримсон, кој со серија одбрани ги „заклучи“ нападите на Швеѓаните и им даде дополнителна самодоверба на своите соиграчи.
Во финишот, Исланд одигра мирно и без грешки, влезе во серија на реализирани напади и ја зголеми разликата до конечни плус осум, за убедлив триумф кој одекна силно во ракометна Европа.
Најзаслужен за победата беше Вигo Кристјансон со перфектен учинок од 11 гола, додека Бјарки Мар Елисон додаде шест. Кај Шведска, најпрецизен беше Албин Лагергрен со пет погодоци, но тоа не беше доволно за избегнување на првиот пораз на турнирот.
Со овој резултат, состојбата во групата станува крајно неизвесна, а во последното коло се очекуваат жестоки пресметки и калкулации за првите две позиции кои водат кон полуфиналето. Исланд покажа дека е сериозен фактор, а борбата за нокаут-фазата доби нова, драматична димензија.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...
Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...
Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...
Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...
Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...
ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...