Денес во Кавадарци се одигра пријателски натпревар меѓу суперлигашот Тиквеш и прволигашот Младост, каде тимот од Богданци беше подобар со 33:36 во однос на домаќинот.
Натпревар во кој амбициозниот тим од Богданци кој е непоразен лидер во Првата ракометна лига имаше постојана предност од не колку погодоци, а на полувреме резултатот беше 17:20.
Ова беше идеална можност за стратегот на Младост, Горан Андоновски да провери како оди подигањето на формата, а притоа и да го провери квалитетот на неговиот ростер во пролетната битка да се потврди првото место и суперлигашкиот ракомет да се врати во Богданци.

Тиквеш во пролетниот дел го очекува битка за обезбедување на место во плеј-офот.